Асфалтирана и улица „Железничка“ во Гевгелија
И улица „Железничка“ во Гевгелија, по завршување
на изведбените работи за изградба на атмосферска канализација, е целосно асфалтирана во вкупна должина од 430 метра. Со тоа, всушност, се завршени сите градежни активности на оваа улица за покривање со патна и комунална инфраструктура, а изведувачот продолжува со работа на останатите улици во јужниот дел на градот.
По асфалтирањето на „Железничка“, во тек се подготвителните активности за асфалтирање и на улицата „Илија Мијов“ во Гевгелија, каде што заврши изградбата на атмосферската канализација, најави градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов. Истакнувајќи дека полека привршува капиталниот проект со исполнување на ветеното- улиците по нивното раскопување да бидат целосно асфалтирани со оглед на нивната оштетеност и пред раскопувањето на рововите, со што покрај подобрувањето на комуналната, истовремено се подобрува и патната инфраструктура со средства од општинскиот буџет.