Продадена градежната парцела за домување во станбени згради на м.в. „Пазар“ во Гевгелија
На последното електронското јавно наддавање
за отуѓување на градежно земјиште во Општина Гевгелија, продадена е градежната парцела во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Гевгелија за изградба на објект со намена домување во станбени згради, којашто се наоѓа на местото викано „Пазар“. На Jавниот повик за учество во наддавањето, се пријавиле 5 понудувачи, стои во Извештајот за спроведена постапка за јавно наддавање за отуѓување на градежно земјиште. За огласената парцела, чија почетна цена изнесуваше 2.570 денари по метар квадратен, на електронското јавно наддавање е постигната највисока цена од 9.980 денари.
По спроведената постапка за јавното наддавање, Комисијата за спроведување постапки за отуѓување на градежно земјиште изготви записник и истиот електронски го достави до сите учесници на јавното наддавање. По изминување на законскиот рок од 3 дена за поднесување приговори од учесниците, ќе продолжи постапката за отуѓување на предметното земјиште согласно Законот за градежно земјиште.