Продадени 6. парцели на „Караорман“ за домување во станбени куќи
На последното електронското јавно наддавање
за отуѓување на градежно земјиште во Општина Гевгелија, продадени се сите 6 градежни парцели за домување во станбени куќи на „Караорман“. На Jавниот повик за учество во наддавањето, се пријавиле 16 понудувачи, стои во Извештајот за спроведена постапка за јавно наддавање за отуѓување на градежно земјиште. За шесте парцели, чија почетна цена изнесуваше 61 денар по метар квадратен, на електронското јавно наддавање се постигнати цени од 1.800 денари до 2.800 денари по метар квадратен. Односно, од продадените градежни цели обезбедена е вкупна сума од 5.506.550 денари.
По спроведената постапка за јавното наддавање, Комисијата за спроведување на постапки за отуѓување на градежно земјиште изготви поединечни записници за сите шест парцели и истите електронски ги достави до сите учесници на јавното наддавање. По изминување на законскиот рок од 3 дена за поднесување приговори од учесниците, ќе продолжи постапката за отуѓување на предметното земјиште согласно Законот за градежно земјиште.