Средба на збратимени општини
На Денот на ослободувањето на Гевгелија -
7 Ноември, градоначалникот на Општина Гевгелија, оствари средба со претставниците на збратимените и пријателски општини: Сежана- Република Словенија, Инџија- Република Србија, Јабланица- Република Босна и Херцеговина, Копривнички Иванец и Гвозд- Република Хрватска. По средбата, заедно со гостите, како и со претставници на Советот на Општина Гевгелија, следбеници на Здружението на борците од НОВ, политичките партии и НВО- здруженијата, им одаддоа почит на паднатите борци за слободна Гевгелија со полагање свежо цвеќе пред спомен-обележјата. Притоа, беше одржан и историски час од страна на историчарот Миле Смилков, кој ги потсети присутните за значајниот датум. Потоа, учествува во дефилето на учениците од основните училишта и присуствуваа на свеченото доделување на наградите на ученици на Ликовниот конкурс по повод празникот и на поставена ликовна изложба на тема: „Мојот град- мојата иднина“, пред Народниот театар во Гевгелија.