Одржана 35. седница на Советот на Општина Гевгелија
Советот на Општина Гевгелија ја одржа својата 35. седница,
на којашто ќе расправаше по Предлог-Одлуката за пренамена на Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година. Исто така, на оваа седница, Советот ги усвои Нацрт- Буџетот на Општина Гевгелија и нацртите на двете најголеми буџетски Програми за 2024 година- за уредување на градежното земјиште и за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Гевгелија.
На 35. седница, беа формирани Комисии- за изработка на Програма за нивната работа во 2024 година, унапредување на правата на пациентите во Општина Гевгелија, а во Општинскиот совет за социјална заштита и Комисијата за предлагање листа на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти во општина Гевгелија именуваше нови членови. Од страна на членовите беше донесена и Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за утврдување цени за зонско паркирање на подрачјето на град Гевгелија.
Покрај тоа, Советот ги усвои измените и дополнувањата на Финансиските планови на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија и ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за 2023 година и даде согласност за формирање паралелки со помал број ученици во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за учебната 2023/2024 година. Притоа, членовите на Советот беа информирани за состојбата со средното стручно образование, споредбено за учебните години 2020/21, 2021/22, 2022/23 и 2023/24 година. Членовите на Советот донесоа и Одлука за приоритет, односно за реализација на Проектот за изградба на улицата „Свети Климент Охридски“- продожување на булевар „Гевгелија“.