Трета форумска сесија за презентација на предлог-проекти во областа на животната средина
На 20 декември 2023 година, Општина Гевгелија
го организира Третиот форум во заедницата за презентација на шесте предлог-проекти за заштита на животната средина, коишто граѓаните- работните групи ги развиваат преку предлог- концептите на Втората форумска сесија. Имено, Третата форумска сесија ќе се одржи во Угостителската сала на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија со почеток во 17:00 часот.
Форумите во заедницата, Општина Гевгелија ги спроведува во соработка со УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка во рамки на Проектот: „Зајакнување на општинските совети“. Програмата „Зајакнување на општинските совети- Фаза 2“ ја финансираат Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.