Продажба на 5 градежни парцели за домување во станбени куќи на „Караорман“ и „Моински пат“
Општина Гевгелија објави продажба на 5 градежни парцели
во сопственост на РСМ, со намена домување во станбени куќи, по пат на електронско јавно наддавање. Од кои две се наоѓаат на м.в. „Моински пат“, а три на м.в. „Караорман“, КО Гевгелија и нивните површини изнесуваат од 376 до 432 метри квадратни. Почетната цена за градежните парцели изнесува 61 денар од метар квадратен.
Продажбата на парцелата ќе се одвива по пат на електронско јавно наддавање (www.gradezno-zemjiste.mk), на 24.01.2024 година, од 09:00 до 11:00 часот, во траење од 15 минути. Заинтересираните правни и физички лица пријавите за учество на јавното наддавање треба да ги достават по електронски пат на следната интернет-страница: www.gradezno-zemjiste.mk, заклучно со 22.01.2024 година, до 16 часот.
Повеќе информации за постапката: Објава.