Младите изнесоа повеќе причини коишто негативно им влијаат на менталното здравје
Во Пионерски дом- Гевгелија, Општина Гевгелија,
во соработка со Локалниот младински совет на Општина Гевгелија, организираше работилница на тема „Ментално здравје“. Работилницата ја водеше психологот и психодрама терапевт, Розита Андонова. На работилницита, се отворија дискусии по различни табу-теми, преку коишто се утврди дека младите имаат потреба да поработат на општењето (комуникацијата), како и на трпението да се ислуша другиот без разлика на неговиот став. Несогласувањата во размислувањата наведоа дека се причина од „канцерот“ во 21. век - како во реалниот, така и во виртуелниот свет, односно лажните вести и измислените муабети на повеќе општествени теми коишто, за жал, ги доведуваат младите во заблуда, а сето тоа им влијае негативно и на менталното здравје.
Од страна на младите беше посочено дека треба промени и во образовниот систем, за што се донесе став дека детабуизирањето на одредени теми треба да бидат дел и од образовниот процес поради широката распространетост на отсуството на социјални контакти, стигмата, и дискриминацијата и недостигот од пружење емоционална поддршка.