64 граѓани дарувале крв во хуманитарната акција на Фондацијата “Аполонија“
Фондацијата „Аполонија“ вчера по 17.пат
ја организираше традиционална хуманитарна акција „Аполонија ден на крводарителството“. Во акцијата, што заеднички ја организираат со Службата за трансфузиона медицина при ЈЗУ Општа болница - Гевгелија и со Општинската организација на Црвениот крст, даруваа крв 64 граѓани. Инаку, фондацијата „Аполонија“ два пати годишно ја организира хуманитарната акција „Аполонија ден на крводарување“. Првиот Аполонија ден на крводарување беше на 19 октомври 2010 година, а денес ќе се одржи седумнесеттиот. Акцијата е уште една потврда за поддршката што оваа фондација ја дава постојано на активности кои се дел од целокупното живеење на нашата локална, а и поширока заедница.