Успешна “Распеана чаршија“
Спасовден 2019, патронот на Гевгелија, заврши со традиционалната манифестација
„Распеана чаршија-Трба,Трби“ што се одржа под отворено небо, на платото пред споменикот на Сава Михајлов. Повторно, како и секоја година , звуците на староградската македонска песна, која секогаш во минатото била придружник и во добрите и во лошите настани од животот на гевгеличани, го исполнија просторот на градското шеталиште..
Пред насобраните граѓани први настапија домаќините, распеани гевгеличани, а по нив публиката уживаше во настапот и на распеани велешани, струмичани, валандовчани, радовишани и женската пејачка група „Камелија“ од Свети Николе, како и групата „Сава Михајлов“ на Здружението на пензионери на Гевгелија. Годинава за организирање и реализација на богатата културна програма за прослава на гевгелискиот заштитник Спасовден се погрижи Домот на културата под покровителство на Општина Гевгелија.