Јубилеен концерт на ансамблот „Бојмија“
Aнсамблот „Бојмија“ од Гевгелија,
синоќа со Јубилеен концерт го одбележа своето 15 годишно постоење. Концертот насловен како „Нашето оро - еден чекор кон минатото три кон иднината“ предизвика огромен интерес кај публиката. имено, на овој јубилеен концерт учествуваа членовите од првата постава на ансамблот, сите поранешни членови на „Бојмија“,а настапија и неколку поранешни членови на КУД „Јосиф Јосифовски“, чии традиции, всушност ги продолжува Ансамблот „Бојмија“.
Денес, ансамблот го сочинуваат 140 редовни членови кои се поделени во четири групи, а располага со преку 1000 парчиња носии, поголемиот број собирани од теренот на областа Бојмија. Секоја година ансамблот „Бојмија“ учествува на три меѓународни турнеи и на две турнеи по земјите од бившите југословенски простори.
Покрај, јубилејниот концерт ансамблот Бојмија, во среда, на 19 јуни, во Народниот театар, ќе го одржи Годишниот концерт на кој ќе настапи подмладокот на ансамблот.