Општинската комисија изврши увид на опожарената зграда
Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди
направил целосен увид во опожарената зграда на улица „Ристо Чавдаров“ број 25, за обемот на настанатата штета. Во присуство на оштетените станари од становите на поткровјето беше попишано се она што им било изгорено во нивните домови, како врати и прозорци, мебел, електрични апарати, пари и накит, додека исто беше извршено попишување на настанатата штета и на шесте стана од петтиот кат, кои претрпеа оштетување од интервенцијата на пожарникарите при гаснење на пожарот.
По извршениот увид комисијата ќе состави записникот од извршениот увид, а во рок од 30 дена треба да изготви и Елаборат за проценка на штетата кој ќе треба да биде доставен до Советот на општина Гевгелија на разгледување. По усвојувањето на Елаборатот же биде доставен до Републичката комисија за проценка на штети од елементарни непогоди.