Сервисниот пат Смоквица-Прдејци готов до крајот на неделата
Сервисниот пат Прдејци-Смоквица ќе биде готов до 24 август годинава.
Реконструкцијата е дел од програмата на јавното претпријатие за државни патишта, а ја изведува ЈП „Македонија пат“. Веќе од наредниот понеделник, 26 август, локалното население од овој регион ќе може да го користи овој пат, најави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов.
Како што е познато, локалното население од гевгелиските села Миравци, Смоквица и Прдејци бараше да биде ослободено од плаќање патарина на новата наплатна рампа, која е веќе изградена и требаше да се пушти во употреба изминатиот период. Жителите кои секојдневно патуваат по автопатот до Гевгелија и назад, и кои имаат земјоделски имоти на ова подрачје, сметаа дека патарината во износ од 100 денари во еден правец ќе претставува голем финансиски товар за нив. Иницијативата ја поддржа и градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, а во реализацијата беше вклучено ЈП за државни патишта.