Средба на градоначалниците од збратимените општини
Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков
оствари средба со грдоначалниците на збратимените општини, кои присуствуваа на прославата на Денот на ослободувањето на Гевгелија – 7 ноември. На средбата присуствуваа градоначалниците на Јабланица, Босна и Херцегодива, Салем Дедиќ, на Инџија, Република Србија, Владимир Гак, на Пазин, Република Хрватска Ренато Крулчиќ и на Гвозд, Република Хрватска, Милан Врга.
На средбата стана збор за досегашната соработка и можностите за нејзино проширување и продлабочување. Одбележуваме десетгодишнина од обновеното збратимување меѓу Гевгелија и Јабланица, што претставува најдобар пример како треба да се гради соработката меѓу две општини. Ме радува што кон ова наше семејство потоа ни се прирдружија Пазин и Гвозд од Хрватска, а претходно и Инџија со која Гевгелија имаше долгорочна соработка. Ваквата соработка ни овозможува не само размена на искуства меѓу локалните самоуправи, туку и воспоставување на културна размена. Така, со КУД„Танец“ од Миравци ја обновивме соработката, а размената и гостувањата на културно-уметничките друштва претставува вообичаена практика меѓу сите збратимени општини, истакна градоначалникот на општина Јабланица Салем Дедиќ на приемот што го организираше градоначалникот на општина Гевгелија во котелот СКАЈ.
Инаку, на вчерашната прослава на Денот на ослободувањето на Гевгелија-7 Ноември присуствуваше и амбасадорот на Народна Република Кина Жанг Жуо, кој имаше средба со градоначалникот Сашо Поцков. На средбата стана збор околу развојот на општина Гевгелија и можноста за воспоставување соработка со заинтересираните кинески компании за вложување во општина Гевгелија.