Успешна соработка на Општина Гевгелија со Министерството за локална самоуправа
- Со Општина Гевгелија имаме многу успешна соработка,
која се остварува преку неколку проекти што се во фаза на реализација или пак веќе завршени, но и преку другите активности што ги иницира министерството. Само преку Бирото за регионален развој се обезбедени над 170.000 евра во оваа општина за поттикнување на регионалниот развој, а дел од средствата се обезбедуваат и во рамките на програмата за прекугранична соработка. Тргнувајќи од нејзиниот капацитет и веќе постигнат развој, оваа општина има можности за искористување и на други проектни активности што ги иницираше министерството. Затоа и очекуваме оваа соработка да се надградува, а реализираните проекти каков што е – уредувањето на излетиштето Динќут да претставуваат пример за успешно реализираните проекти, рече заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески во својата изјава за медиумите, а по средбата со градоначалникот на Гевгелија Сашо Поцков. Исто така, Палевски го посети и излетиштето Динќут, кој беше целосно уреден со финансиска поддршка од ИПА-ППС со Бугарија и националното учество од 15% што го обезбеди Министерството за локална самоуправа.
-Средбата со заменик министерот Палевски за нас беше посебно корисна, изјави за медиумите по средбата градоначалникот Сашо Поцков. Бидејќи покрај сумирањето на резултатите од досегашната соработка, имавме можност од прва рака да слушнеме за најавеното префрлање на дел од државните надлежности на општините, но и да укажеме на потребата од преиспитување на компаративните предности на секоја општина при одредувањето на финансискиот капацитет. Ако се има предвид дека овие активности се координираат преку за нас надлежното Министерство за локална самоупшрава тогаш беше добро да ги слушнеме и насоките околу поголемата вклученост на граѓаните и улогата на месните заедници за унапредување на нивното влијание, рече Сашо Поцков.