Повторно негативно мислење
Советот на општина Гевгелија на својата 37. седница
повторно даде негативно мислење на повтореното барање на Министерството за економија по повторното барање за доделување на концесија за вршење на детални геолошки истражувања на металични минерални суровини на локалитетот ″Коњско″ во општина Гевгелија и општина Кавадарци на барателот "РЕЗЕРВОАР МИНЕРАЛС МАКЕДОНИЈА" ДООЕЛ Скопје. При донесувањето на ваквото мислење и овој пат Советот на општина Гевгелија ги зеде предвид неколкуте стратешки документи во кои децидно е наведено дека "на територијата на општина Гевгелија се забранува изградба на објекти од тешка и загадувачка индустрија, во насока на зачувувањето на здравата животна средина".
На ова се надоврзуваат и цврстиот став на Градоначалникот и на сите членови на Советот на општина Гевгелија, како и недвосмислениот став на невладиниот сектор и целокупната јавност во општина Гевгелија, општина Гевгелија да биде модерна, европска, одржлива и пред се - зелена општина, беше нагласено на седницата.